Регионалните паартнерски организации од Европската мрежа на бизнис можности (Enterprise Europe Network) од Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија успешно реализираа нова платформа за пристап до финансии и иновации. Новата платформа го носи називот FINNO – Access to Finance for South East European companies, и истата е достапна на следната веб страница: https://www.finnosee.eu
Платформата FINNO обезбедува преглед на отворените повици, пред сè наменети за мали и средни претпријатија, но исто така, и за универзитети, истражувачки организации, развојни агенции, агенции за поддршка на иновации и трансфер на технологии и други. На платформата може да се најдат информации и за настани кои се во организација на Enterprise Europe Network и на други локални и регионални мрежи и/или организации за поддршка на пристапот до финансии и иновации.
Соработката остварена и со регионалните поддржувачи на финансирањата и иновациите за компаниите и организациите од Западен Балкан исто така беше составен дел на реализирањето на платформата FINNO. Така, на истата може да се најдат информации и податоци за повиците и можностите за финансирање, како и настаните кои се организираат, преку: Европската банка за обнова и развој, Европскиот иновациски совет, Европскиот инситут за иновации и технологии, Регионалниот совет за соработка, Коморскиот инвестициски форум и други. Советодавната поддршка е секако дел од оваа платформа, на која може да се добијат информации и совети од регионалните советници во секоја од земјите.
Enterprise Europe Network (EEN) е најголемата мрежа на контакт центри кои обезбедуваат информации и советувања за прашања од Европската унија. Составена од повеќе од 600 локални партнерски организации (универзитети, стопански комори, агенции, фондации, здруженија) во повеќе од 60 земји, мрежата промовира конкуретност и иновации. Преку мрежата се обезбедувааат совети за поддршка на иновативните бизниси и пристап до финансии. Исто така, се овозможува и добивање на информации за можностите за располагање на програмите и финансирање од страна на Европската унија.