Стопанската комора на Северна Македонија, како дел од Enterprise Europe Network, https://een.ec.europa.eu/, ве поканува да земете учество на платформата INDUSAC, која нуди можност на сите компании, сами да соработуваат со меѓународни тимови од студенти и истражувачи од цела Европа и пошироко, со цел да најдат бесплатни решенија за технолошки и деловни предизвици.
INDUSAC е проект на HORIZON EUROPE кој има за цел зајакнување на соработката помеѓу индустријата и академијата.
Во рамките на проектот, мешовит тим од студенти и истражувачи, ќе развиваат решенија согласно потребите и интересите на компаниите од ЕУ и од другите земји.
Предизвиците можат да бидат од било кој деловен сегмент, на пример: дефинирање на потребите на клиентите согласно трендовите и идните проекции, креирање маркетинг кампањи, развој на дигитални платформи, подготовка на бизнис план, креирање анализи и многу други услуги. Не постои ограничување за големината на компанијата, сите типови на компании можат да поднесат предизвици.
Компаниите кои ќе земат учество во проектот немаат никакви финансиски обврски, а можат да добијат решение за својот предизвик, можност за запознавање на млади умови од цела Европа, кои можат да ги сметаат за идни соработници или вработени и да ја зголемат сопствената видливост преку взаемна соработка.
Повеќе од 600 студенти и истражувачи имаат направено проверка на над 100 објавени предизвици и на повеќе од 40 меѓународни тимови со над 150 членови се отпочнати развивања на решенија на предизвиците.
Сите заинтересирани компании ќе треба најпрво треба да се регистрираат на следниот линк: (https://indusac.innogetcloud.com/#logincontent), да го опишат и поднесат предизвикот на англиски јазик, на платформата INDUSAC, најдоцна до 15 ноември 2024 година.
Во прилог на поканата се наоѓаат детални информации за учество на проектот.