Единаесет иновативни мали и средни компании (стартап, спиноф, спинаут и МСП) од Македонија, Црна Гора, од Хрватска, Србија и од Словенија ги претставија своите иновативни производи и услуги пред советниците на ЕЕН-мрежата – проект Enterprise Europe Network.
Преку платформата FINNOSEE https://www.finnosee.eu/, виртуелно, на 11 април 2024 година се организираше состанок на советниците на Enterprise Europe Network – ЕЕН од Западен Балкан, кои по неколку последователни виртуелни состаноци подготвија структура за презентација на иновативен производ и услуга и одлучија да се распише повик за иновативни мали и средни компании (стартап, спиноф, спинаут или МСП) од земјите во Југоисточна Европа / Западен Балкан, и тоа од Македонија, Србија, Црна Гора, од Босна и Херцеговина, Хрватска и од Словенија, кои бараат меѓународна соработка со партнери од други земји заради претставување и промоција на иновативни производи и услуги.
На повикот се пријавија 20-ина компании од Македонија, Србија, Црна Гора, од Босна и Херцеговина, Хрватска и од Словенија, од кои само 11 компании беа избрани во согласност со критериумите за презентација на иновативен производ и услуга. Со избраните компании, мали и средни, работеа советниците на ЕЕН-мрежата по земји, кои даваа насоки за тоа како треба учесниците, презентерите на компаниите да подготват кратки презентации од 3 минути и да ги опфатат најбитните податоци и информации за претставување на нивниот иновативен производ или услуга, а потоа во 5 минути да се подготват да одговорат на прашањата кои ќе бидат поставувани од советниците на ЕЕН-мрежата https://www.finnosee.eu/call-for-companies-finnovation-meeteeng/, односно да направат подготовка за презентацијата пред потенцијалните инвеститори, активност што ќе следува во септември 2024 година.
Настанот за претставување на избраните компании, насловен FINNOvation meetEENg на иновативни мали и средни компании (стартап, спиноф, спинаут или МСП), се одржа на 23 мај 2024 година, виртуелно.
Учесниците кои учествуваа на настанот беа компании од регионот, и тоа 4 микро и мали компании од Македонија и од Црна Гора, како и 1 МСП од Хрватска, Србија и од Словенија, кои бараа потенцијални партнери за меѓународна соработка и за вмрежување со други компании од целиот свет, претставувајќи ги своите иновативни производи и услуги пред советниците на Enterprise Europe Network – проект ЕЕН.
На овој настан, FINNOvation meetEENg, 11 микро, мали и средни компании учествуваа со свои кратки презентации, и тоа:
- Green Lining d.o.o. (Црна Гора) – Александра Симони
- Meditera d.o.o. (Црна Гора) – Борис Радуновиќ
- Codeit Solution (Македонија) – Викторија Дранговска
- WIDNET Solutions (Македонија) – Дарко Мицкоски
- DeepMark (Црна Гора) – Коста Павловиќ
- Аликорн (Црна Гора) – Сања Гардашевиќ
- 3P Solutions (Македонија) – Марјан Жежовски
- Deep Green Inno Machines (Македонија) – Владимир Локвенец
- WERXE (Хрватска) – Филип П.
- CubexLab (Србија) – Владан Глигоријевиќ
- Ограје Кочевар ДОО (Словенија) – Душан Грабнар
FINNOSEE https://www.finnosee.eu/ е виртуелна платформа на земјите од Југоисточна Европа, дизајнирана во рамките на мрежата ЕЕН за да им даде на иновативните мали и средни компании можност да стапат во контакт со потенцијални инвеститори преку советниците на мрежата ЕЕН.
Улогата на советниците на Enterprise Europe Network – мрежа ЕЕН беше од исклучитена важност за да ги слушнат идеите и барањата на компаниите кои имаат свои иновативни производи и услуги, за да ги вмрежат со потенцијални трговски партнери (дистрибутери или добавувачи), потенцијални производители или подизведувачи или со проектни партнери за заедничко истражување и развој, за да им помогнат да најдат нови можности за инвестирање со идентификација на партнери за инвестиција или за други стратешки инвестиции или, пак, за да им понудат советодавна помош и поддршка.
Вмрежувањето на избраните компании ќе продолжи да се спроведува во рамките на проектот Enterprise Europe Network или мрежа ЕЕН, преку подготовка на профили на избраните иновативни компании за Понуда/Побарувачка заради нивно вмрежување со потенцијалните партнери (дистрибутери или добавувачи) и производители или подизведувачи, во зависност од нивната идеја, цел и намера, а тоа значи добро да се подготват за следната презентација што ќе ја имаат пред потенцијалните инвеститори, активност што ќе следува во септември 2024 година.
Единаесет иновативни мали и средни компании (стартап, спиноф, спинаут и МСП) од Македонија, Црна Гора, од Хрватска, Србија и од Словенија ги претставија своите иновативни производи и услуги пред советниците на ЕЕН-мрежата – проект Enterprise Europe Network.
Преку платформата FINNOSEE https://www.finnosee.eu/, виртуелно, на 11 април 2024 година се организираше состанок на советниците на Enterprise Europe Network – ЕЕН од Западен Балкан, кои по неколку последователни виртуелни состаноци подготвија структура за презентација на иновативен производ и услуга и одлучија да се распише повик за иновативни мали и средни компании (стартап, спиноф, спинаут или МСП) од земјите во Југоисточна Европа / Западен Балкан, и тоа од Македонија, Србија, Црна Гора, од Босна и Херцеговина, Хрватска и од Словенија, кои бараат меѓународна соработка со партнери од други земји заради претставување и промоција на иновативни производи и услуги.
На повикот се пријавија 20-ина компании од Македонија, Србија, Црна Гора, од Босна и Херцеговина, Хрватска и од Словенија, од кои само 11 компании беа избрани во согласност со критериумите за презентација на иновативен производ и услуга. Со избраните компании, мали и средни, работеа советниците на ЕЕН-мрежата по земји, кои даваа насоки за тоа како треба учесниците, презентерите на компаниите да подготват кратки презентации од 3 минути и да ги опфатат најбитните податоци и информации за претставување на нивниот иновативен производ или услуга, а потоа во 5 минути да се подготват да одговорат на прашањата кои ќе бидат поставувани од советниците на ЕЕН-мрежата https://www.finnosee.eu/call-for-companies-finnovation-meeteeng/, односно да направат подготовка за презентацијата пред потенцијалните инвеститори, активност што ќе следува во септември 2024 година.
Настанот за претставување на избраните компании, насловен FINNOvation meetEENg на иновативни мали и средни компании (стартап, спиноф, спинаут или МСП), се одржа на 23 мај 2024 година, виртуелно.
Учесниците кои учествуваа на настанот беа компании од регионот, и тоа 4 микро и мали компании од Македонија и од Црна Гора, како и 1 МСП од Хрватска, Србија и од Словенија, кои бараа потенцијални партнери за меѓународна соработка и за вмрежување со други компании од целиот свет, претставувајќи ги своите иновативни производи и услуги пред советниците на Enterprise Europe Network – проект ЕЕН.
На овој настан, FINNOvation meetEENg, 11 микро, мали и средни компании учествуваа со свои кратки презентации, и тоа:
Green Lining d.o.o. (Црна Гора) – Александра СимониMeditera d.o.o. (Црна Гора) – Борис РадуновиќCodeit Solution (Македонија) – Викторија ДранговскаWIDNET Solutions (Македонија) – Дарко МицкоскиDeepMark (Црна Гора) – Коста ПавловиќАликорн (Црна Гора) – Сања Гардашевиќ3P Solutions (Македонија) – Марјан ЖежовскиDeep Green Inno Machines (Македонија) – Владимир ЛоквенецWERXE (Хрватска) – Филип П.CubexLab (Србија) – Владан ГлигоријевиќОграје Кочевар ДОО (Словенија) – Душан ГрабнарFINNOSEE https://www.finnosee.eu/ е виртуелна платформа на земјите од Југоисточна Европа, дизајнирана во рамките на мрежата ЕЕН за да им даде на иновативните мали и средни компании можност да стапат во контакт со потенцијални инвеститори преку советниците на мрежата ЕЕН.