Дали барате меѓународни партнери во текстилната индустрија?
Пријавете се за однапред закажани состаноци преку интернет!
Стопанската Комора на Северна Македонија преку ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи Ве поканува да земете учество на „Текстил Контект“ кој се реализира онлајн во периодот 26-27 мај 2026 година. „Текстил Конект“ е онлајн платформа посветена на градење значајни врски меѓу компаниите, дизајнерите и производствените партнери низ текстилната индустрија.
За кого е наменет овој настан?
• Дистрибутери, стоковни куќи и модни бутици кои имаат за цел да откријат нови производи, брендови и добавувачи за да го прошират своето портфолио на производи.
• Брендови во развој и стартапи кои бараат сигурни производствени партнери, материјали и индустриски сознанија за поддршка на нивниот раст
• Добавувачи и производител на ткаенини или други текстилни материјали кои сакаат да се поврзат со потенцијални клиенти, да ги претстават своите способности и да изградат долгогодишни соработки.
• Дизајнери или купувачи кои сакаат да воспостават вредни партнерства со иновативни и одржливи компании за производство, да ја прошират својата база на добавувачи и да оживеат нови идеи
• Даватели на специјализирани услуги за текстилната индустрија, вклучувајќи шиење, боење, печатење и
• други, кои сакаат да ја презентираат својата експертиза, да ги истакнат своите услуги и да ја прошират својата професионална мрежа.
Учеството на настанот е бесплатно, но претходно потребно е да се регистирате на платформата на следниот линк: https://www.b2match.com/e/textileconnect26
Не ја пропуштајте можноста да ја зајакнете вашата деловна мрежа и да ги подигнете вашите партнерства на следно ниво. Придружете ни се за да се поврзете со професионалци од индустријата, да истражите нови можности и да изградите значајни, долгорочни односи.