📅 Датум: 15 октомври 2025 година
📍 Локација: Хотел Splendid, Будва – Црна Гора
👥 Организатор: Конзорциум MontEENegro (Европска претприемачка мрежа – Црна Гора)
Конференцијата FINNO 2025, насловена Дигитално. Зелено. Одржливо, ќе ги собере клучните актери на иновациониот екосистем, креаторите на политики, малите и средни претпријатија (МСП), основачите на стартапи, истражувачи, организации за поддршка на бизнисот и партнери од Европската претприемачка мрежа (ЕЕН), од Западен Балкан и пошироката европска регија.
Овој настан, кој е во организација на Црногорскиот конзорциум MontEENegro, ќе се одржи на 15 октомври 2025 година, во хотелот Сплендид во Будва. Конференцијата има за цел да го истражи трансформативниот потенцијал за дигитална и зелена транзиција, како и нивното значење во одржлив развој на малите и средни претпријатија.
Конференцијата е структурирана преку четири тематски панели, со учество на меѓународни говорници и претставници на регионални институции и организации:
🔹 Панел 1: Дигитална трансформација на МСП – Предизвици и решенија
Фокус на дигитални алатки, иновации засновани на вештачка интелигенција и влијание на новите технологии во деловните модели и продуктивноста на МСП.
🔹 Панел 2: Улога на ЕЕН мрежата во јакнење на иновативните екосистеми
Улогата на мрежите, регионалните партнерства, истражувачките институции и ЕЕН услугите во градење на отпорни иновациски екосистеми.
🔹 Панел 3: Синергија на европски проекти – Поврзување на Horizon, Interreg, EIT, Digital Europe и EEN мрежа
Примери на добра пракса во поврзување на национални и ЕУ програми со цел поддршка на интернационализација, иновација и конкурентност.
🔹 Панел 4: Зелена транзиција и циркуларна економија – Потенцијали и пракса
Увид во одржливи деловни модели, интеграција на ЕСГ принципи и регонални иницијативи кои поддржуваат зелена транзиција на МСП.
🎯 Поврзани активности:
📌 B2B деловни состаноци и вмрежување:
📅 16–17 октомври 2025 година.
Учесниците ќе имаат прилика да се поврзат со партнери од регионот и Европа: мали и средни претпријатија, стартапи, иновациони центри и истражувачки организации преку однапред закажани деловни состаноци.
📌 Учество на Конференција за економија Montenegro 2025!
Сите учесници на FINNO конференцијата ќе имаат прилика да присуствуваат на одбрани сесии на Конференцијата за економија, која паралелно се одржува на истото место.
🎯 За кого е наменета конференцијата?
- Мали и средни претпријатија
- Стартапи и претприемачи
- Истражувачко-развојни организации
- Универзитети и иновациони центри
- Деловни асоцијации и комори
- Претставници на ЕУ проекти и програми
🔍 Користи од учество на конференцијата
- Стекнување на знаења од експерти во областа на дигитализација, иновација и зелена транзиција;
- Поврзување со потенцијални партнери преку структурирани B2B состаноци
- Осознавање на можности за ЕУ проекти и соработка
- Учество во јакнење на регионалните и европски иновациски мрежи
📌 Регистрација и практични информацииe
✅ Учеството е бесплатно. Регистрацијата е отворена до 10 октомври 2025 година.
📥 Линк за пријавување: Registrujte se ovdje
Конференцијата FINNO 2025 преставува настан кој поврзува политика, пракса и партнерства со цел јагнење на иновациите, одржлив раст и конкурентност на македонските компании и компаниите од регионот. Konferencija FINNO 2025 predstavlja događaj koji povezuje politiku, praksu i partnerstva, sa ciljem jačanja inovacija, održivog rasta i konkurentnosti biznisa u Crnoj Gori i regionu.
Агенда (да се стави линкот)
AGENDA
ℹ️ За FINNO иницијативата:
FINNO претставува регионална иницијатива за јакнење на иновација, конкурентност на МСП и пристап до европски мрежи и фондови во Југоисточна Европа.