Северна Македонија
февруари 20, 2026
Со одржувањето на Форумот „Европската перспектива на македонскиот бизнис“ на 18.02.2026 година во Виница, во просториите на Прогресив Академија (Винчини развоен центар) Бизнис Клубот Европа, кој беше воспоставен во рамки на Стопанската комора на Македонија кон крајот на 2025 година, официјално ги инаугурираше своите активности како клучен партнер во економската димензија на пристапувањето кон ЕУ и водечка платформа за сите економските теми поврзани со евроинтеграциите. Форумот како проектна активност во рамки на ЕЕН – Европската мрежа на претприемачи (Enterprise Europe Network) преку Клубот обезбеди можност да се отвори суштинска и аргументирана дебата за позицијата на македонската економија во процесот на европска интеграција, подготвеноста на компаниите за Единствениот пазар на Европската Унија, но и на институциите за надминување на институционалните теснеци во тој процес, а во исто време ја потенцираше и улогата на жените-лидери во креирањето конкурентна и одржлива економија.
февруари 16, 2026
Во продолжение можете да преземете каталог на побарувања од компании од земјите на ЕУ
декември 03, 2025
Главни теми: Инфраструктурно поврзување, еден деловен амбиент и заеднички настап на трети пазари со подршка на #EEN-#EnterpriseEuropeNetwork
Copyright © 2024 Сите права се задржани од EEN Северна Македонија
Правила и услови Политика за приватност Колачиња
Оваа веб страница користи колачиња (cookies) со цел да се подобри функционалноста.
Политика за користење на колачиња (cookies)
Се согласувам Не се согласувам