Северна Македонија

Title

Open4Business: Зајакнување на ММСП во Западен Балкан - Патот кон ЕУ

11.03.2025


Стопанската комора на Северна Mакедонија како членка на Европската мрежа за претприемништво во соработка со Стопанската комора на Србија и Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство (DG ENEST) и Европската мрежа за претприемништво ве поканува на регионалниот деловен настан „Open4Business: Empowering“ на ЕУ, кој ќе се одржи на 9 април 2025 година во Белград, Србија, во хотел Метропол Палас (Булевар Краља Александра 69, Белград).

Целта на настанот е да се поттикнат инвестициите во Западен Балкан преку:

      • Информирање на микро, мали и средни претпријатија (ММСП) за можностите за финансирање со поддршка на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF);
      • Поврзување на компании од Западен Балкан, Европската Унија и финансиски институции;
      • Размена на информации меѓу компании од регионот на Западен Балкан и компании од ЕУ, јавните институции за политиките и предизвиците во бизнисот.

Настанот ќе биде организиран во два дела и ќе опфати утринска сесија со панел дискусии за WBIF програмите и поттикнување инвестиции од европски компании, како и попладневна сесија посветена на можностите за деловно вмрежување (matchmaking).

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со поддршката на WBIF во форма на заеми, капитал, техничка помош и советодавни услуги достапни преку финансиските институции. Финансиските институции и компании ќе споделуваат практични искуства, а претставници на стопанските комори ќе зборуваат за можностите и предизвиците за интеграција во регионалните и европските синџири на вредности.
Во вториот дел од настанот ќе се одржат средби со претставници на компании од Западен Балкан, Европската Унија, како и со претставници на финансиски институции и стопански комори.
За повеќе информации, во прилог можете да најдете Нацрт агенда на настанот, како и преглед на активни програми на WBIF.

Пријавувањето за учество на состанокот се врши преку линкот: https://open4business-empowering-msmes-in-wb.b2match.io/  до 23.03.2025 година.

Ве молиме да не известите за вашиот интерес за учествуво на настанот е-мејл: vlatko@mchamber.mk 

Имајте предвид дека настанот е во хибриден формат и можете да го следите и да учествувате на состаноците во хотелот Метропол Палас или онлајн.

Open4Business – Агенда https://open4business-empowering-msmes-in-wb.b2match.io/components/51919



Copyright © 2024 Сите права се задржани од EEN Северна Македонија

Оваа веб страница користи колачиња (cookies) со цел да се подобри функционалноста.

Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам