Северна Македонија

Title

Инфо-сесии: Пристап до финансии и успешна апликација за EIC грантови преку учество на две инфо-сесии

14.02.2025


Почитувани, 

Доколку сте сопственик на мало или средно претпријатие (МСП), стартап или претприемач со иновативни идеи, пријавете се за учество на две инфо-сесии, кои ќе ви помогнат да го откриете потенцијалот на програмата Хоризонт Европа и да ги разберете можностите за финансирање преку Европскиот иновациски совет (EIC).

Дветте инфо-сесии се дизајнирани да ви понудат клучни информации и практични совети, без разлика дали сте почетник или веќе имате искуство со програмата.

Инфо-сесии: Пристап до финансии и успешна апликација за EIC грантови – МИР фондација

Дали сте сопственик на МСП, стартап или претприемач со иновативни идеи?

- овие инфо-сесии се вашиот клуч за разбирање на можностите за финансирање преку Хоризонт Европа и Европскиот иновациски совет (EIC)! 🏆

🌍Инфо-сесија 1: „Можности за пристап до финансии за МСП под програмата Хоризонт Европа – Европски иновациски совет“ – 24.2.2025, во 11 часот,
    Место: ПСМ инкубатор, 16та Македонска бригада 13б, Скопје
✅ Научете за Хоризонт Европа и нејзините механизми за финансирање
✅ Разберете како функционира Европскиот иновациски совет (EIC) и неговите гранки EIC Pathfinder, EIC Акцелератор и EIC Transition
✅ Откријте дали вашата идеја е соодветна за финансирање
✅ Направете ги првите чекори кон успешна апликација.


🎯 Инфо-сесија 2: „Европски иновациски совет – Како до успешна апликација“– 10.3.2025, во 11 часот
    Место: ПСМ инкубатор, 16та Македонска бригада 13б, Скопје
✅ Разберете како да ја подготвите победничката апликација
✅ Добијте практични совети за финансирањето преку EIC
✅ Направете ги крајните чекори кон успешна апликација.

📢 Местата се ограничени! Пријавете се денес со пополнување на следниот формулар: https://lnkd.in/dpKBMvZF

📖 Прочитајте повеќе на следниот линк: https://lnkd.in/dNC_cUdT

Фондација за менаџмент и индустриско истражување, во рамки на мрежата Enterprise Europe Network и со поддршка на Министерството за економија и труд, ги организира дветте инфо-сесии кои ќе ви помогнат да го откриете потенцијалот на програмата Хоризонт Европа и да ги разберете можностите за финансирање преку Европскиот иновациски совет (EIC). Двете сесии се дизајнирани да ви понудат клучни информации и практични совети, и доколку сте почетник и доколку веќе имате искуство со програмата.

Контакт лице - Ирена Мојсовска, тел: (02) 3244009.



Copyright © 2024 Сите права се задржани од EEN Северна Македонија

Оваа веб страница користи колачиња (cookies) со цел да се подобри функционалноста.

Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам