Северна Македонија

Title

Награда за „Успешна соработка на EEN и EU-OSHA Networks“

15.11.2024


Стопанската комора на Северна Македонија е добитник на прва награда на меѓународно ниво за успешна соработка во промовирање на придобивките од добрата безбедност и здравје на работното место, од Европската агенција за безбедност и здравје при работа

Стопанската комора на Северна Македонија е добитник на прва награда на меѓународно ниво за успешна соработка во промовирање на придобивките од добрата безбедност и здравје на работното место, заедно со Федерацијата на научна асоцијација и техника (FAST) од Италија во рамки на Европската мрежа на претприемачи (EEN) и Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA).

Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA), на Самитот за здрави работни места 2022 година, организираше настан на тема „Здравите работни места го олеснуваат товарот“, што се одржи на 14 - 15 ноември 2022 година, во конференцискиот центар Еускалдуна, во Билбао, Шпанија.

На отварањето на Самитот, добредојде упатија претставници на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA), Бренда О'Брајан, менаџер на Канцеларијата за врски во Брисел при Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA), Вилијам Кокбурн, привремен извршен директор на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA), Николас Шмит, комесар за работни места и социјални права, во Европската агенција за безбедност и здравје при работа, Драгош Пислару, претседател на Комитетот за вработување и социјални прашања од Европскиот парламент како и владини претставници од министерството за труд и социјална политика на Шпанија, домаќини на настанот, Јоланда Дијаз Перез, втор потпретседател и министер за труд и социјална економија и Идоја Мендиа Куева, втор потпретседател и министер за труд и вработување, на Баскиската влада, кои ги поздравија присутните учесници и ја истакнаа важноста на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA).

На Самитот, присуствуваа и други водечки европски експерти и носители на одлуки кои разговараа за резултатите од кампањата за здрави работни места 2020-2022 година, со можни начини за подобрување на безбедноста и здравјето на работното место, водејќи грижа за чување и одржување на работните места, а не нивно нарушување.

На паралелните сесии се разгледаа активности за превенција на нарушувањата поврзани со работните места споделени од страна на претставниците на Европската комисија, социјалните партнери на ЕУ, националните мрежи и официјалните партнери во кампањата.

Посебен акцент на Самитот беше ставен на церемонијата на доделување награди за добри практики за здрави работни места, доделени на неколку меѓународни организации, наградени и пофалени од независно меѓународно жири за преземање проактивен и партиципативен пристап во управувањето со добрата безбедност и здравје на работното место.

Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA), додели 3 награди за успешна соработка на учесниците на ЕЕН мрежата во соработка со Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA), и првата награда беше доделена на Стопанската комора на Северна Македонија и на Федерацијата на научна асоцијација и техника FAST од Италија, за успешна соработка на меѓународно ниво во промовирање на придобивките од добрата безбедност и здравје на работното место.

Ефективната комуникација и интеракција на национално и меѓународно ниво меѓу мрежите на Европската мрежа на претприемачи (EEN) и Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA), овозможи делегација на експерти за безбедност и здравје при работа од РС Македонија, во мај 2021 година, да се сретнат со претставници на високи нивоа од Националниот институт за осигурување од несреќи при работа од Италија на EU-OSHA, Регионалната дирекција во Неапол и S.I. IMPRESA, специјалната агенција на Стопанската комора во Неапол што го води конзорциумот на Европската мрежа на претприемачи - ЕЕН, во Јужна Италија.

За време на посетата на просториите на HITACHI RAIL STS во Неапол, Италија, беше направена презентација на Hitachi моделот за заштита на здравјето и безбедноста на работниците, од страна на Улдерико Зона, извршен директор, кој го претстави моделот како значаен и признат модел за добро управување со безбедноста и здравјето при работа, при што Македонската страна ќе може да го применува.

Оваа успешна приказна беше промовирана од страна на Ирена Мојсовска, Амбасадор на ЕЕН мрежата на Северна Македонија, од Стопанската комора на Северна Македонија и Ангела Пулвиренти, Амбасадор на ЕЕН мрежата на Италија, од Федерацијата на научна асоцијација и техника FAST од Јужна Италија, за преземање проактивен пристап во промовирање на придобивките од добрата безбедност и здравје на работното место, кои служат како платформа за споделување и промовирање на добри практики низ Европските земји.

Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA), на крајот од Самитот за здрави работни места 2022 година, ја претстави и претстојната Кампања за здрави работни места 2023-2025 година, која ќе започне од октомври 2023 година под слоганот „Безбедна и здрава работа во дигиталната ера“, а фокусот ќе биде ставен на ефикасно спречување на факторите на ризик за безбедност и здравје при работа во дигиталниот свет.



Copyright © 2024 Сите права се задржани од EEN Северна Македонија

Оваа веб страница користи колачиња (cookies) со цел да се подобри функционалноста.

Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам