Северна Македонија

Title

Покана за учество на меѓународна купувачка Б2Б мисија „Tech Industry 2024” во Рига, Латвија, 28-30 ноември 2024 година

18.10.2024


Стопанската комора на Северна Македонија, како дел од Enterprise Europe Network, https://een.ec.europa.eu/, во соработка со ЕЕН Латвија, ве покануваат да земете учество на реномираниот меѓународен настан „Tech Industry 2024” којшто нуди единствена можност да запознаете многубројни латвиски компании на едно место.

 

За време на тридневниот настан во Рига (од 28 до 30 ноември 2024 година), саемската манифестација ќе претстави сеопфатен асортиман на производи и услуги - од компоненти до готова опрема и решенија.

 

Овој настан содржи саемско изложување, бизнис форум и Б2Б средби за време на кои компаниите ќе можат да одржат однапред закажани деловни состаноци со латвиските производители.

 

Таргетирани сектори за учество:

 

● Опрема за обработка на метал и машински алати

● Индустриска опрема и материјали

● Машинско инженерство

● Технологии за проток на воздух

● Хидро-технологии

● Хардвер за производство

● Електроника, електротехника

● Автоматика, автоматизација и друго.

 

Организаторите на странските учесници им ги обезбедуваат следниве бесплатни услуги:

 

  1. 1.    Хотелско сместување за 2 претставници по компанија за 2 ноќевања за купувачи кои ќе резервираат и присуствуваат на најмалку 5 состаноци со латвиските добавувачи и производители;

 

  1. 2.    Влезници за саем.

 

Учесниците треба да резервираат и да учествуваат на однапред закажани состаноци со производителите и добавувачите на услуги (најмалку 5) како предуслов за покривање на хотелските трошоци. Само поединци со активна сметка во системот B2match https://www.b2match.com/e/international-buyers-b2b-at-techindustry можат да учествуваат на настанот.

 

Како да аплицирате:

  1. Регистрирајте се како меѓународен купувач на следниот линк:

https://www.b2match.com/e/international-buyers-b2b-at-techindustry/sign-up/create-account

  1. Резервирајте ги состаноците
  2. Испратете информации за пристигнување: датум/име /компанија на следниот емаил адреса: vita.lejniece@liaa.gov.lv.

 

Место на одржување:

Меѓународен изложбен центар Ķīpsala (ул. Ķīpsalas 8, Рига, Латвија).

 

Пријавувањето за настанот и резервациите на состаноците е отворено до 27 ноември 2024 година.



Copyright © 2024 Сите права се задржани од EEN Северна Македонија

Оваа веб страница користи колачиња (cookies) со цел да се подобри функционалноста.

Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам