Северна Македонија

Title

ONEX CONNECT 2025

17.12.2025 -17.12.2025


Регионалниот форум ONEX Connect 2025, кој ќе се одржи на 17 декември 2025 година во Бања Лука, Босна и Херцеговина, на едно место ги обединува истакнатите иноватори, претприемачи, експерти и претставници на институции од регионот и Европа со цел размена на искуства и јакнење на соработката.

Настанот се организира во партнерство со институциите  во рамки на Европската претприемачка мрежа (ЕЕН) од земјите на Западен Балкан, со што ONEX Connect станува централно место за поврзување и развој на регионалните екосистеми за иновации и дигитална трансформација.

Форумот ќе биде посветен на темите: дигитална трансформација, одржливи иновации и меѓународни партнерства. Програмата ги обединува водечките експерти кои ќе ги споделат своите искуства и знаења за тоа како малите и средни претпријатија може да растат, да иновираат и да бидат конкурентни на глобалните пазари.

Учесниците ќе имаат прилика за вмрежување, размена на идеи и инспирација, како и за запознавање со најновите трендови и технологии. Форумот дава можност за поврзување со експерти, истражување на нови производи и услуги, како и воспоставување на соработка преку меѓународни проекти.

Форумот е наменет за: претприемачи, основачи на стартапи, бизнис лидери иноватори, истражувачи и креатори на политики заитнересирани за дигитализација, иновација и прекугранична соработка во Западен Балкан.

👉 Регистрирајте се сегаhttps://www.b2match.com/e/onex-connect-2025  и обезбедете го Вашето место на настанот кој ќе се одржи на  17 декември 2025 година во Бања Лука!

Клучни теми на форумот:

  • Дигитална трансформација и нови технологии
  • Иновации и трансфер на знаење
  • Паметни градови
  • Интернационализација и пристап на странски
  • Одржливост и зелена транзиција
  • Развој на стартапи и поддршка на раст на претпријатија

Се гледаме на ONEX Connect 2025!





Copyright © 2024 Сите права се задржани од EEN Северна Македонија

Оваа веб страница користи колачиња (cookies) со цел да се подобри функционалноста.

Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам